Русија ќе го употреби својот нуклеарен потенцијал во случај на каков било ракетен напад на своја територија, се наведува во соопштението на Генералштабот на вооружените сили на Русија.

Во извештајот под наслов „За основите на државната политика на Руската Федерација во областа на нуклеарните воздржувања“, се наведува дека секоја ракета ќе биде идентификувана како нуклеарна, бидејќи не постои можност порано да се одреди дали се работи за нуклеарна ракета или некој друг вид.

Претставници на Генералштабот велат дека во таква ситуација ќе се смета дека целта на противникот е уништување на Русија.

Авторите на текстот објаснуваат дека Русија означила „црвени линии“, кои никој не би требало да ги премине.

„ Русија ги означи „црвените линии“ кои никој не му советуваме да ги премине. Ако потенцијалниот противник се одлучи на тоа, одговорот без сомнение ќе биде разорувачки. Притоа, воено-политичкотѕо раководство на Русија ќе одреди каков ќе биде одговорот, во зависност од ситуацијата“ рекол началникот на управата на главната оператива на Генералштабот на вооружените сили на Русија, генерал мајор Андреј Стерлин.

Според информациите, субјектите на нуклеарно воздржување поделени се во две групи. Првата група ја сочинуваат земјите кои поседуваат нуклеарно или друго оружје за масовно уништување и кои сметаат дека Русија е потенцијален противник.

Другата група ја чинат земји кои ја даваат својата територија на располагање на стратешки офанзивни вооружувања, средства за стратешки ПРО, нуклеарни оружја и друго оружје за масовно уништување на други земји, што може да биде употребливо против Русија и нејзините сојузници.

извор: Makfax