Според експертите, на тој начин владата ќе добие дополнителни средства во услови на пад на цената на нафтата и западни санкции.

Сепак, моментот на продажбата не е најсреќно одбран, зашто само кинески инвеститори засега се заинтересирани за купување на акциите на компанијата, пишува Руски весник.

Уделот на државата во компанијата ќе се намали од 69,5 на 50 проценти плус една акција.

Медведев во 2012 година беше иницијатор на големата програма за приватизација, што владата ја прифати истата година. Сепак, на крајот беа продадени само 7,6 отсто од акциите на најголемата државна банка Сбербанк, а уделот на државата во другата државна банка ВТБ се намали од 85,5 на 60,9 отсто.