Зависноста од интернет во услови на пандемијата на коронавирусот е сериозно зголемена и затоа треба да се активира работата на тоа контролата над сајбер-просторот да биде навистина меѓународна, изјави претставникот на руското Министерство за надворешни работи, Андреј Круцки.

Круцки, директор на Одделот за меѓународна безбедност на информации, изјави за време на онлајн дискусијата во рамките на дебатниот клуб „Валдеј“ дека светот од ситуацијата со коронавирусот ќе излезе позависен од интернетот и затоа треба да се направи што е можно побезбеден.

„Интернетот треба да биде реално институционализиран и да биде под ефективна меѓународна контрола“, рече Круцки.

Тој прецизираше дека вистинската институционализација на интернет значи пред сè во тоа да бидат вклучени ООН, пренесува „Спутник“.

извор: Makfax