Во Русија е регистриран рекорден број новозаболени од коронавирус, но и најголем број починати лица за еден ден во последните 24 часа.
        
Коронавирусот е евидентиран кај уште 6.411 лица, така што вкупниот број на заболени е 93.558. Починаа 72 лица за еден ден, а вкупниот број на жртви во Русија е 867, пренесува ТАСС.
        
Во понеделникот, Русија по бројот на заразени лица ја надмина Кина, каде вирусот за прв пат се појави во декември минатата година и стана деветта земја којашто е најпогодена од пандемијата.

извор: Makfax