Во Министерството за внатрешни работи денеска се одржа средба помеѓу ресорниот министер Оливер Спасовски и рускиот амбасадор, Сергеј Александрович Баздникин.

Како што информираат од МВР, на средбата се разговарало за унапредување на билатералната соработка помеѓу двете земји, како и за подготвеноста од руска страна за потпишување договор за преземање лица со незаконски престој, што во иднина би претставувало законска рамка за борбата против илегалната миграција.

извор: Makfax