Приходите на Русија од извозот на злато за прв пат ги надминаа приходите од продажба на гас, покажуваат податоците на Федералната царинска служба и Централната банка на земјата.

Така, руските компании продадоа 65,4 тони злато во вредност од 3,55 милијарди долари во странство во април и мај.

Во истиот период, испораките на „сино гориво“ му донесоа 2,4 милијарди долари на „Гаспром“, кој има монопол за извоз на суровини што се пренесуваат преку цевководи. Според Централната банка, тоа е минимална вредност за кварталот од 2002 година.

Според шефот на групата за процена на ризикот за стабилен развој на АКРА, Максим Худалов, таквата состојба се појави за прв пат во историјата на модерната Русија.

Тој за порталот „РБК“ изјави дека извозот на гас, барем од 1994 година, традиционално донесе повеќе приходи отколку продажбата на злато.

извор: Makfax