Со убедливата победа од 3:0 во дуелот против селекцијата на Русија, репрезентативците на Велс ја осигураа првата првата позиција во групата “Б” и обезбедија пласман во 1/8 финалната рунда од ЕП во Франција.

И на третиот натпревар од групната фаза, Герет Бејл се запиша во листата на стрелци, а по натпреварот изјави дека Велс не победил затоа што Русија е толку слаба.

Русија не беше толку слаба, ние бевме многу силни. Одлично си ја завршивме домашната задача, го имавме беспрекорно анализирано противникот, а планот за игра ни беше перфектно реализиран. Ова беше најдобриот настап на велшката репрезентација откако јас сум дел од неа. Можеме да уживаме накратко, а потоа штом го дознаеме името на следниот противник да се фокусираме кон осминафиналето. Не летаме во облаци, одиме натпревар по натпревар желни да покажеме дека можеме да стигнеме уште подалеку на овој шампионат, изјави Бејл.