Од руската нуклеарна подморница проект 955А „Владимир Мономах“ на Тихоокеанската флота, за првпат се лансирани четири балистички ракети „Булав“.

Во соопштението на министерството за одбрана се наведува дека операцијата е реализирана во рамките на планираните борбени обуки, а ракетите се испалени од Охотското море во правец кон полигонот Чиж во Архангелската област.

Претходно од подморницата истовремено биле лансирани само две ракети „Булав“, пренесе „Спутник“.

Стратешката ракетна подморница „Владимир Мономах“ е нуклеарна подморница четврта генерација. Нејзиното главно вооружување се 16 балистички ракети „Булав“, кои имаат дострел од 10.000 километри и можат да носат 10 боеви глави со моќност од 150 килотони..

извор: Makfax