x

Русија и одржа лекција на Естонија среде Талин

rusija-estonija

Русија дојде до втората победа во квалификациите за пласман на ЕП 2022 година, без проблем ја совлада Естонија со убедливи 56-84 среде Талин.

Домаќинот на овој турнир со кого македонската кошаркарска репрезентација треба да се сретне во понеделник беше под нивото, во ниту еден момент не беше рамноправен противник. По 14-18 во првата четвртина, руските кошаркари одиграа одлично во вториот период (13-23), кој им донесе позитива од 27-41 на одморот.

Не се промени ништо во играта на теренот, Русија искусно го приведоа мечот и се најдоа на чекор поблизу до место на континенталното натпреварување. Бабурин со 19 поени и 5 скока беше прво име на теренот, кај Естонците, Јесар имаше 11 поени, еден помалку постигна Вајдеман.

Нашата репрезентација денеска не излезе на терен поради Ковид-слуачи, дали ќе ги одигра предвидените натпревари, утре против Италија и следниот ден против Естонија, ќе биде познато по ПЦР тестовите.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата