Русија и Кина заеднички ќе дизајнираат ненуклеарна подморница на новата генерација.

„Во моментов соработуваме со кинеската страна на заедничкиот проект на ненуклеарна подморница на новата генерација. Засега е рано да се зборува за роковите за завршување на работите”, рече претставник на Федералната служба за воено-техничка соработка на Русија на форумот „Армија 2020“.

Претходно, шефот на делегацијата на руската државна корпорација „Ростех“, Виктор Кладов изјави дека Русија потпишала договор за испорака на оружје на Кина во три области: вода, воздух и копно, пишува „Спутник“.

Меѓународниот воено-технички форум „Армија“, кој се одржува по шести пат во 2020 година, беше отворен во паркот „Патриот“ во Подмосковје.

Оваа година се одржува за прв пат во исто време со Меѓународните воени игри, а покрај тоа, за прв пат во рамките на форумот се одржува посебен кластер на воената морнарица.

извор: Makfax