Министерството за надворешни работи на Русија прогласи за персона-нон-грата бугарски дипломат од Амбасадата во Москва.

Бугарскиот дипломат е со ранг како и рускиот дипломат во Софија кој беше прогласен за персона-нон-грата во крајот на октомври. Одлуката на Москва е врз основа на реципрочност.

Бугарија го прогласи за непожелна личност рускиот дипломат Владимир Русијаев. Обвинителството соопшти дека првиот секретар на руската Амбасада во Софија е под истрага за шпионажа. Фактите се потврдени, но обвинението не може да се покрене бидејќи дипломатот е со имунитет.