Новите сателитски снимки укажуваат на тоа дека Русија почнала да ги надградува четирите свои воени објекти во Калининград, каде што е сместена стратешката воена единица на Русија на самата граница на НАТО, пренесува Си-ен-ен.

Калининград, главниот град на руската ексклава, кој се наоѓа меѓу Полска и Литванија, веќе извесно време е извор на тензии меѓу Русија и Западот.

Имено, снимките од воздух направени оваа година навестија дека Русија во Калининград значително го модернизирала бункерот за чување нуклеарно оружје и сега најновите сателитски снимки покажуваат дека започнала со надградба на воените објекти во најмалку четири локации на подрачјето.

Џејмс Г. Фого III, командант на американските поморски сили во Европа и Африка, директно не се осврна на најновите сателитски снимки, но напомена дека руското присуство во енклавата не ја спречува натамошната работа на НАТО во регионот.

извор: Makfax