Русија го призна новото име на државата, Република Северна Македонија, соопшти руското Министерство за надворешни работи.

„На 19 февруари руската амбасада во Скопје доби нота од Министерството за надворешни работи на Република Македонија со известување за промена на официјалното име во Република Северна Македонија“, пишува во кусото соопштението на руското Министерство.

 

извор: Makfax