Москва ги повикува Вашингтон и неговите сојузници да се откажат од плановите за соборување на легитимната власт во Венецуела, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.

„Ги повикуваме Американците и оние кои ги поддржуваат да се откажат од неодговорните планови и да дејствуваат исклучиво во рамки на меѓународното право“, рече Лавров на состанокот со министерот за надворешни работи на Венецуела, Хорхе Ареаз, пренесува ТАСС.

Лавров потврди дека за ситуацијата во Венецуела и други глобални прашања утре ќе разговара со американскиот државен секретар, Мајк Помпео, во Финска.

„Средбата со Помпео е планирана за утре во Финска каде што се одржува дводневен состанок на Арктичкиот совет“, посочи Лавров.

 

 

извор: Makfax