Новата сезона во рускиот фудбалски шампионат ќе започне на 8 август. Тој викенд ќе се одигра првото коло,додека пак ден порано на седми на ВЕБ Арена во Москва ќе се одигра супер купот.
Од друга страна пак распоредот ќе биде згуснат само во месец август ќе се одиграат шест кола, а потоа ќе се игра до 15 декември кога следува зимската пауза. Продолжението е закажано за 26 фебруари, додека пак финишот се планира да биде на 16 мај.