Русија е една од земјите што работат на пронаоѓање вакцина против новиот коронавирус.

Вакцината против коронавирусот што ја разви руската Федерална агенција за биомедицина ја помина првата фаза на развој и се очекува нејзиното тестирање целосно да биде завршено во јуни, изјави директорката на агенцијата Вероника Скворцова, додавајќи дека вакцината треба да биде готова за употреба за 11 месеци.

„Развојот на вакцината ја помина првата фаза. Станува збор за рекомбинантна вакцина која не е развиена врз основа на жив вирус, туку протеини кои имаат таканаречени епитопи, или центри за кои се врзува вирусот“, рече Скворцова, пренесува ТаСС.

извор: Makfax