Руските власти составиле список на 13 земји со кои Русија би можела да го продолжи воздушниот сообраќај, а на таа листа се Велика Британија, Унгарија, Германија, Данска, Италија, Холандија, Норвешка, Полска, Финска, Виетнам, Кина, Монголија и Шри Ланка.

Имено, беше оценето дека епидемиолошката состојба во тие земји е во согласност со критериумите кои се јасно дефинирани во Русија.

Русија го затвори својот редовен и чартер меѓународен воздушен сообраќај на 27 март и дозволи само специјални летови за враќање на Русите од странство.

извор: Makfax