x

Русите ако не ја завршат сезоната ќе останат без пола клубови

Рускиот фудбалски шампионат е прекинат исто како сите европски првенства. Корона вирусот стигна и до таму, па се уште е неизвесно кога би продолжил шампионатот. Членот на рускиот парламент Игор Лебедев помалку драматично испрати предупредување дека првенството мора да се одигра до крај затоа што во спротивно ќе се случи крах на многу клубови.

Играчите и тренерите се спремни да ја доиграат сезоната. Ако не ги одиграат преостанатите натпревари, многу клубови ќе доживеат колапс. Уште сега клубовите не можат да ги покријат своите трошоци, а ако првенството не заврши, пола од клубовите кои настапуваат во Премиер лигата едноставно ќе банкротираат. Главно прашање е дали треба да се игра со навивачи или без нив, но сигурен сум дека тоа нема да биде дозволено“, вели Лебедев.

Првенството мора да биде завршено, спортските принципи мораат да се задржат. Останаа уште осум  кола и за месец и пол може да се одиграат сите натпревари, па дури и да се заврши Купот. На мене како навивач на Локомотива ми одговара сега да се прекине првенството и да се задржи состојбата до пред прекинот, но не би било фер кон другите клубови“, додава Лебедев.

Русите одиграа 22 кола, а Зенит е лидер со девет бода повеќе од Локомотив и Краснодар.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата