Ѕвездата на Англија и Манчестер Јунајтед, Вејн Руни, го зголемил долгот на 700.000 фунти од обложувања, грмат медиумите на Островот. Селекторот на Англија Свен-Горан Ериксон ќе разговара со младиот напаѓач, објавија официјално од Фудбалската асоцијација. Руни има неделна плата од 50.000 фунти, но заработува милиони годишно од спонзорските и рекламните договори. Неговото име заедно со редица негови колеги е вмешано во обложувањата, но тие не се поврзани со резултатите на нивните клубови, што е строго забрането од ФА, посочува “Санди Мирор”. Портпаролот на 20-годишниот Руни го одби објаснувањето за сканадлот со зборовите: “Немам коментар, апсолутно ништо во врска со случајот”.