x

Румениге за Сане: Ако треба и намерно ќе го понижуваме

sane-promocija

Тешко оди прилагодувањето на Лерој Сане во тимот на Баерн Минхен. Откако стигна како големо засилување од таборот на Манчестер Сити. Германскиот репрезентативец не игра на она ниво од претходно.

За да биде ситуацијата уште полоша, на дуелот со Баер Леверкузен, Сане влезе во првиот дел на местото на повредениот Кингсли Коман, за да излезе во 68. минута од средбата.

Тренерот на Баерн Минхен го образложи тоа:

„Мораше нешто да превземеме. Особено во вториот дел ни беше потребен Милер, а и Гнабри се поправи. Затоа го извадив Сане“, истакна Флик.

Но, чудна изјава даде Карл-Хајнц Румениге:

„Верувам дека може да има добра иднина во Баерн. Разговараме, го мотивираме. Ако треба и намерно ќе го вадиме, ќе го понижуваме за да го доведеме до врвот“.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата