x

Ругани се излечи од коронавирусот, но нема повеќе да заигра за Јувентус!?

Првиот фудбалер кој е заразен со коронавирусот, Даниеле Ругани, го победи вирусот, но сега е прашање дали ќе заигра повеќе за тимот на Јувентус.

Причината е тоа што Ругани  најавил заминување од тимот по крајот на сезоната, со оглед дека не е задоволен од својата минутажа.

Јуве смета на Бонучи и Де Лихт, и на Демирал додека не се повреди, а се чини дека за Ругани ќе нема место по враќањето на Киелини од тешката повреда на лигаментите.

Од тука Ругани побарал да си замине, а за него се интересираат неколку италијански тимови.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата