x

Рој Кин во проблеми зошто играч на Сити нарекол идиот!

roj-kin-171120

Рој Кин, некогашниот легендарен капитен на Манчестер Јунајтед, како играч важеше за бескомпримисен во било кое време. Речиси при секој инцидент тој беше во главна улога. Некогаш говореше и тоа што не треба.

Се чини дека Ирецот и сега е таков иако работи како стручен ТВ коментатор на „Скај спорт“.

Кин на дербито меѓу Сити и Ливерпул, по прекршокот на Вокер врз Мане , го нарече играчот на Сити, идиот и сообраќајна несреќа.

Мане се избори за пенал зошто пред себе имаше идиот. Кајл Вокер е сообраќајна несреќа“ беа неговите зборови.

Па така сега Кин е во проблеми. Сити како клуб упати жалба до ТВ куќа, а познатиот коментатор Ричард Кејс и тоа како “удри“ по Кин.

Каков срамен коментар, Рој. Ова е ниско, дури и за своите стандарди“ рече покрај другото Кејс.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата