Раководните лица на германскиот бундеслигаш Борусија од Дортмунд, експресно ја демантираа пласираната информација дека офанзивниот играч за врска, Марко Ројс, ќе биде продаден за време на летниот преоден рок.

Репрезентативецот на Германија е проценет на околу 50 мил. евра, а најголем интерес за неговите услуги покажаа челниците на лондонскиот премиерлигаш Арсенал.

За време на летниот преоден рок, германскиот бундеслигаш сигурно ќе остане без услугите на интернационалецот од Габон, Пјер-Емерик Обамејанг, кој веќе изјави дека може да напредува само доколку заигра за поголем европски клуб.