x

Ројстон Дренте прогласи банкрот

royston-drenthe

Во еден период од животот да си дел од Реал Мадрид и милионски трансфер, а само десетина години подоцна да прогласиш банкрот навистина треба да си „цар“.

Тоа му се случи на некогаш големата фудбалска надеж на Холандија, Ројстон Дренте кој деновиве во судот во Бреда поднесе барање за банкрот. Тој во моментов има 33. години и сеуште активно игра во третата холандска лига, факт што не многу му ја менува ситуацијата.

Дренте во својата кариера промени десетина клубови, а во Реал Мадрид мина пет сезони одработувајќи и две позајмици.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата