Иранскиот претседател Хасан Рохани изјави дека е среќен што американскиот претседател Доналд Трамп ја напушта Белата куќа.

Тој рече дека Трамп, кого го нарече терорист, е американскиот претседател кој најмалку го почитувал законот, пренесува „Ројтерс“.

„Не сме премногу среќни поради доаѓањето на господинот Бајден, но среќни сме што Трамп заминува“, рече Рохани пред владиниот кабинет.

извор: Makfax