Иранскиот претседател Хасан Рохани, изјави дека Иран и слободните земји од регионот ќе им се одмаздат на САД за смртта на иранскиот генерал Касем Сулејмани.

„Нема никаков сомнеж дека големата земја Иран и другите слободни земји од регионот ќе и се одмаздат на криминалната Америка за ова ужасно убиство“, рече Рохани.

Тој додаде дека маченичката смрт на Сулејмани двојно ќе ја зголеми одлучноста на Иран да му се спротивстави на американскиот експансионизам и да ги заштитува нашите исламски вредности.

извор: Makfax