Иранскиот претседател Хасан Рохани изјави дека европските народи не ги исполнуваат своите обврски откако САД излегле од нуклеарниот договор.

Како што пренесе иранската државна телевизија, Рохани рекол дека Европејците не ја исполниле својата задача. Тој повторил дека Иран нема да почне преговори со САД се додека Вашингтон не ги повлече санкциите против Техеран.

Иранскиот претседател нагласил дека Иран секогаш ќе има негативен одговор на секоја понуда за билатерални разговори со САД, пренесе Ројтерс.

„Никогаш не е донесена одлука за одржување разговори со САД. Имаше многу понуди за разговори, но нашиот одговор секогаш ќе биде негативен“ рекол Рохани.

извор: Makfax