Без оглед на тоа дали ја сакате својата канцелариска работа, едно морате да признаете: повеќечасовното седење пред компјутерот или во канцеларија заморува и го прави вашето тело екстремно неактивно. Освен ако во својата акт-ташна немате патики спринтерки со кои џогирате кога се враќате од работа и на тој начин се релаксирате по вашиот напоред ден. На прво место, на работното столче загрозен ви е вратот. Доволно е по неколку пати дневно да направите вакви вежби, па компликациите со вратот да бидат отстранети. Седете исправено на работ на столчето. Стапалата нека ви бидат на под, а рацете на бутовите. Дишете на нос, тоа го прават и јапите. Пробајте да направите и неколку ротации со рамената, за да се размрдате. Вдишете и подигнете ги рамењата кон ушите. Потоа издишете и спуштете ги наназад за да направите полукруг. Обрнете внимание на лопатките. Испружете ги рацете така што дланките ќе ви бидат исправени нанадвор. Вдишете и вратете ги рацете наназад. Ротацијата на главата може да биде од голема помош. Останете во мирна состоја 15 секунди и дишете правилно. Повторно вртете со главата. Уште една работа која ви користи е свиткување на вратот. Принципот е едноставен: со левата рака фатете го пулсот на десната рака, но зад грбот. Издишете, свиткајте ја главата лево и вовлечете ја десната рака кон левата. Останете во таа положба 20 секунди. Вратете се во почетна положба и повторете го тоа со другата рака. Доколку ве загрижува како ќе реагираат вашите колеги од канцеларијата, нека не ви претставува проблем. И ним им пука грбот од работа. Всушност, не би било лошо и тие да ви се придружат.