x

Ростов со роденденска честитка за Давид Тошевски

Екипата на Ростов испрати роденденска честитка за Давид Тошевски. Иако официјално тој е веќе дел од рускиот тим, сепак, се очекува денеска да им се приклучи на своите нови играчи откако го комплетираше трансферот во рускиот тим од Работнички.

Ростов, секако, не заборави дека му е 19-ти роденден, и не заборави да му го честита.

Тошевски пред два дена ги мина лекарските прегледи во Белград, и вчера замина кон Русија.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата