Италијанецот е задоволен околу новитетот на својот мотоцикл.

Ми кажаа дека не смеам да зборувам за новитетот. Но, искрено, прекрасни се. Не прават голема разлика, но прекрасно изгледаат. Ќе ги употребиме и во наредните неколку дена, па потоа ќе ги видиме резултатите, изјави Роси.

Останатите пет фабрички тимови на патеката во Сепанг се уште тестираа со старите додатоци. Сепак, признаваат дека работат на порадикален дизајн за да ја надополнат загубата на крилцата.