x

Роналдо се отвори: Пиев и плачев, тоа е најважниот трофеј во мојата кариера

Кристијано Роналдо собори големи рекорди во дресот на Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид и Јувентус, освојувајќи се што може да се освои, но сепак за Португалецот најдрага титула во кариерата е онаа со неговиот национален тим.

Португалија го освои ЕП 2016 откако во продолжението го победи домаќинот Франција, 1:0 со голот на Едер.

За Роналдо тој натпревар заврши пред време поради повреда, но тој трофеј е најважниот во неговата кариера.

„Тоа е најважниот трофеј во мојата кариера. Се смеев и плачев, а по финалето се опив. Дехидрирав од тоа што премногу плачев и по само една чаша шампањско бев пијам. Не пијам, но тоа беше посебен момент момент“, призна Роналдо.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата