x

Роналдо против Џенова и Пандев ќе го одигра 100-тиот меч за Јуве!

cristiano-ronaldo-3

Каква недела за Кристијано Роналдо. Прво ја понижи Барса на “Камп Ноу“ со два убави гола, а веќе денеска ќе го одигра својот 100- тиот меч за Јувентус. Вечерва од 18 часот во Џенова, Јуве и Роналдо ќе им гостуваат на Џенова и Пандев во рамките од редовното коло во Серија А. Познато е колку сака Македонецот да игра против Јуве, не така ретко и го „тресел“ најтрофејниот клуб во Италија, но вечерва сите очи ќе бидат вперени во Португалецот.

Тој вечерва ја испишува историјата, го игра стотиот меч за Јувентус. Инаку Роналдо е како Центурион во Јуве, на изминатите 99 натпревари тој успеал да постигне 77 голови. Што е неверијатно добар просек.

Според информациите Роналдо треба да биде во нападот во тандем со Паоло Дибала, додека Мората ќе биде на клупата.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата