Петкратиот најдобар фудбалер во светот Кристијан Роналдо изјавил дека so победата на Португалија во финале на ЕП 2016 година против Франција му е најдрага во кариерата.

Португалија славела после продолжение 1:0 , со голот на Едера, а Роналдо кој се повредил на почетокот на мечот, од клупа ја “водел екипата до титула“.

– Тоа е најважен трофеј во мојата кариера. Се смеев, плачев, а после утакмицата се напив. Дехидрирав бидејќи многу плачев и после една чаша шампањско веќе бев пијан. Инаку не пијам, но ова беше посебна прилика – рекол Роналдо гостувајќи во емисијата “Linea Diletta”.

Роналдо трофејот на Португалија му е посебно драг бидејќи успеал да се закити со титула на репрезентацијата, што на неговиот најголем конкурент Леон Меси сеуште не му тргнало од рака.