x

Роналдо испрати порака како добредојде за Пирло

juventus-ronaldo

Легендарниот италијански фудбалер, Андреа Прило, три години по завршување на кариерата постана тренер на Јувентус. Веднаш по назначувањето го дочека порака од Кристијано Роналдо.

Португалецот не пиша за заминувањето на Маурицио Сари, но затоа испрати важна порака пред новата сезона за која се шпекулира дека можно е да го гледаме во дресот на ПСЖ.

„Сезоната 2019/2020 е завршена за нас, многу подоцна од вообичаеното, но порано од нашите планови. Сега е време да се погледне назад на она што е сработено, да се анализираат подеми и падови, бидејќи критичкото размислување е единствениот начин за напредок. Клуб како Јувентус треба да мисли како најдобар на светот и да работи како најдобар на светот за да можеме да се наречеме еден од најдобрите и најголемите клубови на планетата “, започна Кристијано и продолжи:

„Освојувањето на Серија А и тоа во тешка година е нешто за кое сите сме многу горди. Лично, фактот дека постигнав 37 голови за Јувентус и 11 за репрезентацијата на Португалија е нешто што ја обнови мојата амбиција и желбата да бидам подобро, од година во година. Но, навивачите бараат повеќе од нас. Тие очекуваат повеќе од нас. И ние треба да им го дадеме тоа, треба да бидеме на ниво нивните очекувања. Оваа кратка пауза да ги донесе најдобрите одлуки за во иднина, сите да се вратиме посилни и попосветени од било кога. Се гледаме наскоро“.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата