x

Роналдињо после 33 дена излезе од затвор

Според пишувањата на „Марка“, Роналдињо и неговиот брат платиле кауција во вредност од 1,6 милиони долари и по 33 дена го напуштиле затворот во Парагвај.

Во иднина легендарниот фудбалер ќе биде во домашен притвор, поточно заедно со својот брат ќе бидат во еден хотел во Парагвај, каде ќе останат до расветлување на случајот.

Причината поради која Роналдињо се најде зад решетки е користењето на лажни документи. Неговата посета на оваа земја беше од хуманитарен карактер, требаше да им помогне на децата без родители.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата