Живата легенда на францускиот фудбал и еден од кандидатите за нов претседател на УЕФА Мишел Платини во интервјуто за шпанскиот весник “Ел мундо Депортиво” зборува за квалитетот на ѕвездата на Барселона Роналдињо. “Тој Бразилец е исклучителен фудбалер. Уште за време на неговиот престој во Пари Сен Жермен тој правеше исклучителни работи. Многу луѓе ме прашуваат дали сум му го препорачал на Јувентус, како што на времето направив со Зинедин Зидан. Едноставно им реков на шефовите на мојот поранешен клуб дека Роналдињо е феноменален”, вели Платини. Французинот, исто така, го прекори тренерот на Браселона Франк Рајкард дека не го искористува бразилскиот репрезентативец на вистинската позиција на теренот. “Роналдињо, како и Зидан се жртви на модерниот фудбал, во кој индивидуалноста останува во втор план. Улогата на некогашниот “бр. 10″ се губи во новите шеми. Не може Роналдињо да биде извлекуван на левата страна на полузаштита. Така тој нема слобода на дејствување, во што му е силата. За мене тоа е една исклучително голема грешка на Рајкард”.