x

Рома ја растури Бреша, Лацио украде три бода од „Мапеи“

Екипата на Рома им се врати на победите после киксот од Парма во претходното коло. Денеска „волчицата“ на свој терен ја победи Бреша со 3:0 со голови во второто полувреме. Само што почна вториот дел Крис Смолинг погоди, а по него мрежата ја затресе Манчини. Во 66 минута Един Џеко ја „матира“ одбраната на Бреша и ги остави гостите без шанса да „чепнат“ барем бод од ова гостување.

А Лацио ги однесе трите бода од „Мапеи“ стадионот против Сасуоло. Резултатот беше 1:1 се до 91 минута, а тогаш Филипе Каиседо даде гол за победа на римскиот клуб и скок на третата поција на табелата. Лацио е во серија од пет победи по ред, односно осум натпревари без пораз.

Верона со погодок на Ди Кармине во 66 минута ја совлада Фиорентина.

Standings provided by Sofascore LiveScore

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата