x

Рома се пофали со нов напаѓач: Има 18 години и висок е 192 сантиметри (видео)

Трикратниот италијански шампион Рома објави дека потпишале договор со младиот израелски напаѓач Суф Подгореану. Тој има 18 години и досега беше член на младиот тим на Макаби Хаифа, а според израелските правила е достапен за 100.000 евра.

Се работи за висок напаѓач чија специјалност му се головите со глава. Тоа е логично затоа што доминира на теренот со своите 1,92 метри.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата