x

„Романтичарите“ вредно тренираат, на помош и модерната технологија!

Во очекување на вистинскиот старт на подготовките, и секако продолжување на сезоната, фудбалерите на Работнички вредно тренираат и во самоизолација. Да биде се како што треба напомош е и модерната технологија. Видео онлајн тренинзите секако дека помагаат во ова време – невреме на Ковид-19, но јасно е дека сите, па и “романтичарите“, едвај чекаат да почне она вистинското.

Да се потсетиме дека во одиграните пет кола оваа пролет, до прекинот поради коронавирусот, Работнички блескаше. Беше убедливо најдобриот тим во нашата елитна лига, од 15 максимални бодови освои дури 13. Тимот беше во супер форма, и ако некој треба да жали за прекинот, секако дека тоа е тимот од Градски парк.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата