x

Романски репрезентативец фатен во швалерација, сопругот на љубовницата го снимил со телефон (видео)

Поранешниот романски репрезентативец Чипријан Марица се најде во центарот на скандал откако е откриено дека има љубовница, а ситуацијата да биде покомплексна, се потруди сопругот на неговата љубовница кој ги снимил со камерата од мобилниот телефон.

Снимката е направена во август минатата година во еден хотел во Клуж, а неодамна се појави и во романските медиуми. Сопругот на споменатата жена го снимил Марица полугол во хотелксата соба, а екс-фудбалерот на Шалке, Штутгарт, Шатхјор се обидел да ја смири ситуацијата, но не успеал.

Сега снимката стигна и до социјалните мрежи, а додека сопружниците се расправале, фудбалерот си заминал.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата