Тој нагласи дека ја прекинува работата во Владата, бидејќи така му „наложува совеста, а таа не подлежи на преговори”, јави Аџерпрес.

На својот профил на Фејсбук, Жиану посочи дека размислил одговорно за етичноста на натамошните активости и тоа не само во професионална смисла, туку пред се заради неговото дете и за тоа како ќе го погледне во очи и што ќе му каже за неколку години.

– Можам да му кажам дека татко му бил страшливец и застанал зад активности кои не ги поддржува или дека избрал да излезе со крената глава од историјата, која не е негова, напиша Жиану.