x

Ролан Гарос -финале: Атомски тенис, Новак е робот, а Рафа цар на земја!

nadal-djokovic-1

Светот е во тениска грозница. Не очекува спектакуларно финале на Ролан Гарос попладнево од 15 часот, Новак Ѓоковиќ против Рафаел Надал. И да сакавме не можевме да одбереме нешто подобро.

Се очекува АТОМСКИ ТЕНИИС, битка до истребување. Битка која може да донесе историски момент, а тоа конечно Ноле да му се приближи уште повеќе на Рафа по број на освоени Гренд слем титули. Шпанецот има 19 а Србинот 17, а Федерер 20. Уф, каква “тројка“ е тоа, најдобра во историјата.

За тоа што може да се очекува попладнево на теренот “Филип Шатрите“ свој коментар има Крис Еверт, некогашната најдобра тенисерка во светот.

“Новак, понекогаш не е човек. Рафа го гледам како војник кој ќе ја даде и последната капка крв на теренот за да победи, а е и “цар“ на земја со 12 победи на Ролан Гарос. Новак има само една на овој турнир, но кога ќе го видам него како да гледам “робот“. Ментално е за копје пред сите останати. Најголемиот противник на Новак е самиот тој. Кога не расположен за игра тој е вознемирен. Очекувам спектакл, а што друго“ посочи Еверт.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата