x

Ролан Гарос го намали наградниот фонд, најмногу ќе загубат оние кои се борат за трофеите

roland-garros

Ролан Гарос, последниот „Грен слем“ за оваа сезона, што ќе се одржи во Париз од 27 септември до 11 октомври, ќе го намали наградниот фонд за четири милиони евра. Од 42,6 во последното издание, годинешниот награден фонд ќе изнесува 38 милиони евра, како резултат на негативните ефекти на пандемијата.

Организаторите сметаат дека и онаа мала публика која ќе биде на терените, ќе биде добредојдена да се покријат дел од организациските трошоци. Најоптимистичките проценки упатуваа на минимум 11.500 навивачи на ден, кои треба да бидат поделени меѓу трите стадиони: Филип Шатрие (5.000), Сузан Ленглен (5.000) и Симон Матје (1.500).

И покрај намалувањето на наградниот фодн, приходот за играчите кој влегуваат на главниот турнир ќе биде за 30 проценти поголем од претходната година и 27 проценти повеќе за оние кои играат во квалификациите. Најмногу ќе бидат оштетени оние кои ќе се борат за титулата, бидејќи кратењата на наградниот фонд се направени меѓу бонусите кои ги добиваат оние за пласман од осминафиналето до финалето.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата