Јелена Розга и Стјепан Хаусер, едната половина од 2Celoos , и официјално потврдија дека се во врска.

Ние сме среќни и вљубени”, открила сплитската пејачка, а виолончело мајсторот на ова додал: “Кој што сака нека зборува, мене ми годи нејзиното друштво и супер ни е заеднo”. 

Двојката е заедно веќе неколку месеци, а прв пат се смувале на концертот на 2Celoos во Љубљана.

Сепак, пред неколку години Стјепан остро ја критикуваше својата сакана и во едно интервју ја нарече срам за хрватската нација.

Досега имаме слушнато голем број критики на наша сметка, но тоа не е ништо во однос на она што секојдневно го слушаме за Северина и Јелена Розга. Тие се срам за нашиот народ, па никому ништо. До нив не допираат таквите коментари и тие си тераат со кариерите. Така правиме и јас и Лука. Додуша, Розга е добра за гледање, за слушање само не ја бива”, изјави Стјепан во тоа време.