Во првиот свиок, Себастијан Фелет се обиде да се наметне пред Макс Верстапен, но тоа резултираше со штети на двата болидикако и на Кими Раиконен. Ужасниот старт на трката го искористија Алонсо и Хамилтон кои стартуваа од опашката поради казните кои ги добија поради менување на делови на болидите, а по пет извозени круга веќе беа до средината на гридот. Следеше мал прекин на трката откако Кевин Магнусен го заби својот болид во заштитната ограда од гуми, а патеката не можеше да биде исчистена ниту откако четири кругови возачите возеа зад возилото за безбедност.

По оваа трка Хамилтон остана на лидерската позиција во конкуренција на возачите со 232 бода, пред Розберг со 223 и Даниел Рикардо со 145 бода