Род Стјуарт (75) веќе неколку недели одмора на јадранскиот брег, а судејќи според фотографиите, се чини дека тој навистина ужива. Легендарниот музичар го почна летниот одмор во Дубровник по што замина за Корчула, а потоа отплови за Хвар.

Тој исто така со луксузната јахта го посети и Трогир. А по одморот и сончањето, Род го обиколи и Националниот парк Крка.

Причината зошто тој со денови ги открива убавините на Јадранот е тоа што Хрватска ја пофали неговата идна снаа Никол Артукович, која има хрватско потекло. Девојката на хокејашот Лијам Стјуарт (25), со која е во врска со години, живее во Америка.

Никол е во Хрватска со своето момче, а друштво им прават музичарот Род, неговата сопруга Пени Ланкастер, најмладите синови, но и мајката на Никол.

извор: Makfax