x

Родригез: Имав понуда од шпански клуб, ама Реал не сакаше да ме пушти

Хамес Родригез и натаму е во немилост на Реал Мадрид. Тој сезонава има скромен учинок од само еден гол и една асистенција, а ретко кога добива шанса да биде стартер, или пак, да влезе во игра.

Колумбиецот е на излезна врата од Мадрид, а самиот тој призна дека одлуката да биде дел од Реал му била погрешна. Но, исто така напомена дека во текот на минатото лето стигнала понуда до него, но истата била одбиена од неразјаснети причини.

„Реал одби да ме продаде минатото лето, иако имав понуда од еден шпански тим“, рече Родригез, притоа не сакаше да обелодени за кој тим станува збор.

„После тоа стигна понуда и од Кина, но таму не сакав да одам“, напомена Родригез.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата