Војводите од Сасекс се најдоа во центарот на вниманието кога во јавноста беше откриен родниот лист на малиот Арчи, синот на Меган Маркл (38) и принцот Хари (35), на кој е наведено вистинското име на мајка му.

Иако многумина веруваа дека нејзината вистинска титула е војвотката од Сасекс, која ја добила од кралицата кога се омажила за Хари, Меган, всушност, е принцеза.

На родниот лист пишува – Рејчел, принцеза на Велика Британија. Во документот се открива и каде е родено малото момче, што неговите родители и кралското семејство долго време го криеја од јавноста.

Тоа е приватната болница „Портланд“ во Вестминстер, Англија, каде што престојот за една ноќ чини околу 23.000 евра.

извор: Makfax