Аманда Морган (29) мајка на девојче чии слики завршиле на погрешно место, ги предупредила родителите да не објавуваат фотографии на малолетни деца.

Аманда објавила фотографија на својата ќерка Кали на социјалните мрежи и не ни препоставувала дека ваквиот начин ја довела во опасност. Мајката прво дознала дека сликите на нејзината ќерка завршиле на Фејсбук и на Инстаграм на страницата “Слатки бебиња“, пишува “UNILAD”.

Аманда мислела дека овие страници се безопасни, се додека фотографијата на Кали не стигнала во погрешни раце. Имено иако родителите се обиделе да влезат во трага на дистрибуција на фотографии на деца на сајтови кои ги користат педофили, фотографијата на ќерката на Аманда веќе доспеала до нив. Покрај тоа што фотографијата е преземена, таа е обработена така што девојчето изгледа како нашминкана.

“Плачев неконтролирано 45 минути кога ја добив пораката. Мојот сопруг неможеше да се смири. Мислев дека сето тоа е моја грешка. Три слики на мојата ќерка завршиле на тој сајт. Никогаш во живот не би ставила филтер на ќерката да изгледа како да има шминка“, рекла Аманда.

Мајката останала шокирана од коментарите на сајтот под фотографијата на нејзината ќерка.

“Малку фалеше да повратам. Не спиев после тие коментари. Тие деца на тој сајт се залоупотребени во коментарите а фотографите се земени од нивните родители“, додала Аманда.

Иако родителите го пријавиле сајтот и случајот на полиција, сајтот и понатаму е активен.