Што може да стори човек (42) кој со децении собирал колекција порнографија, а неговите родители решиле да ја уништат? Одговорот го понуди судија во американската сојузна држава Мичиген, кој пресуди дека треба да му се плати оштета.

Откако неговите родители се развеле, Дејвид Веркинг за уништените предмети побарал околу 25.000 американски долари. Тие се бранеле така што никогаш не дозволиле такви работи да се најдат во нивниот дом.

 Судијата Пол Малуни немал многу разбирање  за вакво објаснување. Тој појаснил дека тоа што го поседувал Дејвид, иако неговите родители го поседувале имотот, не смеело да заврши во ѓубре.

Веркинг пред судот рече дека оставил огромна и незаменлива колекција порнографски списанија и филмови кога ја напуштил куќата на неговите родители, а се шокирал кога се вратил дома и сфатил дека неговата вредна колекција исчезнала. Тој не можеше да разбере зошто го направиле тоа.

Родителите кратко рекоа дека не сакале ваква содржина во нивната куќа. Покрај тоа, се наведува дека колекцијата на Дејвид е „незаконски“ уништена во април 2019 година.

Поточно, имал 12 кутии полни со порнографски видео материјали и две кутии сексуални играчки. Се проценува дека во нив имало околу 1.600 ДВД и касети. Во една од електронските пораки што таткото ги испратил до неговиот син, тој му рекол дека со уништување на материјалот што го собирал со години, му била направена „голема услуга“.

Адвокатите на повредениот изјавија дека ќе ангажираат експерти од „Музејот на еротско наследство“ од сојузната држава Невада да се обидат да ја надоместат, или барем да ја утврдат штетата. Судот им даде рок до февруари, а ако тоа не се случи, семејството ќе сноси финансиски последици.